На крстосницата од регионалниот пат Струга – Дебар и локален пат за струшкото село Долна Белица, вчера во 12.35 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничо моторно возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 54-годишно лице од село Ливада, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 54-годишно лице од село Велешта и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 64-годишен охриѓанец.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген голф“, 58-годишна жена од село Ливада, а со телесни повреди се здобиле возачите од Ливада и Велешта, како и совозач на возилото „фолксваген пасат“, со охридски регистарски ознаки, 59-годишно лице од Охрид.

Повредените биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

OhridNews