Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 17 часот на патот Ресен-Охрид кај село Крушје. Сопружници на возраст од околу 60 години од битолското село Трновци се двајца од загинатите во автомобил “ауди”, додека другите двајца загинати се патниците од автомобил “мерцедес” со битолски таблички, но полицијата се уште нема податоци за нивниот идентитет. Исто така, нема информација за повредени лица од овие два автомобила, како и во третото возило БМВ со охридски регистарски таблички, кое учествувало во несреќета. Увидот се одвива отежнато поради временските услови, велат од полицијата.
Овој патен правец и натаму е затворен за сообраќај, а автомобилите се пренасочуваат по алтетнативни селски патишта, јавува битолскиот портал „Апла“.
OhridNews












