На третиот ден од Светското првенство во фудбал што се игра во Катар, денеска на програмата се четири натпревари.

Во рамки на групата Ц, од 11 часот се среќаваат Аргентина и Саудиска Арабија. Во истата група од 17 часот силите ќе ги одмерат Мексико и Полска.

Во Д групата од 14 часот играат Данска и Тунис, а во вечерниот термин од 20 часот се среќаваат актуелниот светски шампион Франција и Австралија.

Г.М.