Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Дубаи. Во финалето рекетот број еден го совлада Томаш Бердих со 2-0 во сетови (7-5, 6-3).

Бердих немаше сила за нова сензација откако за пласман во финалето го елиминираше Роже Федерер. За Ѓоковиќ на АТП турнирот во Дубаи ова е четврта титула во последните пет години.

Мх.П.