„Чист Охрид“ денеска повторно спроведе еколошка акција на патот кон Рамне.

-Својата 20. акција нашите волонтери ја завршија со 15 вреќи отпад и голем број различни предмети кои не можеа да се сместат во вреќи, помеѓу кои и двоседот кој го посочивме минатиот пат. Би сакале да истакнеме дека повторно беа најдени игли и шприцеви.  – информираат од неформалното еколошко движење „Чист Охрид“.

Од „Чист Охрид“ најавуваат дека активности на оваа површина и натаму ќе продолжат затоа што на локацијата сѐ уште има отпад.

OhridNews