Драмскотo студио „Цвет 75“ од Охрид во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“. Во светот на книгите во улога на добри домаќинки децата – членови на драмското студио „Цвет 75“ги поведоа колешките – библиотекари Весна Симоноска и Елена Станкоска, велат од Библиотеката.

Младите актери беа запознати со сите оддели во установата, но и со патот на книгата од издавачот до читателот и обратно до враќањето на пултот за зајмување. Децата прашуваа, но и раскажуваа, 17 минутниот приказ во режија на раководителката на драмското студио „Цвет 75“ Драгана Боцеска е само мал дел од заеднички убаво поминатото попладне во библиотеката, информираат од Библиотеката.

OhridNews