Под наслов „Амбициозниот проект на Винченцо Бјанки гледа светлина во Македонија“, италијанскиот весник „Чочијари“ на насловната страна објави стрија за неодамнешната посета на светски познатиот уметник и група професори од Италија на Охрид.


Академскиот уметник Бjанки во Охрид се сретна со градончалникот, Александар Петрески, со кого разговараше за реализирање на заедничката идеја за отварање Универзитет за ликовна уметност со Музеј на уметнички дела, кој според најавите ќе биде сместен во стариот дел на градот.

Тогаш локалната најави дека се очекува до крајот на годината да се реализира овој проект со неопходното реновирање на објектот на некогашното училиште „Свети Сава“ , а музејската поставка ќе биде сместена во поткровјето на Гимназијата.

Ohrodnews