Во контролата на движењето на граѓаните и почитувањето на полицискиот час ќе биде ставена и единицата на беспилотните летала, најави вечерва министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во емисијата Топ Тема на телевизија Телма.
Се работи за беспилотни летала со високи технички можности кои буквално може да ја скенираат целата територија на државата и да укажат на сите можни прекршувања. На тој начин ќе имаме и мапа за тоа каде има најголеми прекршувања. Тие летала имаат големи можности, можат буквално и регистрацијата на возилата да ја видат. – изјави Чулев.

OhridNews












