Кандидатот за градоначалник Гоце Цветковски го оствари своето право на глас на пладне во избирачкото место 1313 во с. Подмолје. Тој истакна дека очекува победа во првиот круг, и потенцираше  дека максимално работел за време на кампањата. Цветковски ги повика граѓаните да направат разумен избор за напредок на градот.

Тој  додаде дека забележал и уништување на дел од пропагандните материјали кои биле поставени како дел од неговата кампања.

OhridNews