Со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) успешно е реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа болница Охрид.

Со оваа инвестиција, како што посочуваат од Болницата, одделите за Интерно, Неврологија и Педијатрија се поврзани на централен довод на медицински кислород, со што целиот интернистички блок сега располага со централно снабдување со кислород.

Ова значително ги подобрува условите за лекување на пациентите, овозможува побезбедно и поефикасно обезбедување на кислородна терапија и придонесува за унапредување на квалитетот на здравствените услуги, потенцираат.

Воедно, додаваат дека Болницата продолжува со инвестиции во модернизација на болничката инфраструктура, во интерес на пациентите и здравствените работници.

OhridNews