Во рамки на соработката на Црвен крст Охрид со Операција Флориан од Манчестер, Англија, во тек се интензивни обуки за прва помош, основна и напредна специјализирана и приспособена обука за спасителите на вода и спасителите на планина, специјализирани обуки за спасување на вода, управување со моторен чамец и извлекување давеници, дејствување во случај на поплави, пребарување и спасување на планина и непристапни терени.

Обуките започнаа на 17 мај и ќе траат до 30 мај, а ги водат 15 инструктори од Операција Флориан. Истите ги посетуваат членови на тимовите за укажување прва помош на Црвен крст Охрид, спасители на вода, членови на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, членови на Националниот сојуз за планинско спасување во Македонија, како и членови на Територијалната противпожарна единица од Охрид и членови на доброволните противпожарни друштва, информираат од Црвен крст Охрид.

Посочуваат дека соработката со Операција Флориан која датира од 2010 година дава голем придонес за ефикасно справување со ризиците и делување во случај на несреќи и катастрофи.

OhridNews