Погребот на Д-р Драган Спасески -Охридски ќе се изврши денес на градските гробишта во Охрид, во согласност со ковид протоколите.

Семејството и операторот за погребални услуги „Мирен Сон“ упатуваат апел до граѓаните, поради актуелната здравствена состојба и ковид протоколите, сочувство да изразуваат по телефон или на социјалните мрежи .

Голем број од Вас ќе сакаат да му оддадат последна почит на покојниот па затоа Ви се обраќаме јавно со известување дека погребот ќе се изврши согласно протоколите за Ковид во кругот на потесното семејство. Семејството и операторот “Мирен Сон” Ве замолуваат вашето сочувство да го изразувате по телефон или на социјалните мрежи. – стои во апелот.

Драган Спасески Охридски, доктор, хирург-ортопед, истакнат уметник, писател, поет и хуманист, почина вчера во шеесеттата година од животот, по кратко боледување како последица од Ковид 19.

OhridNews