Проф. д-р Миле Миќуновиќ, реномиран уролог во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, вечерва, на свечена церемонија која се одржа во Салцбург, Австрија, беше прогласен за член на Европската академија за науки и уметности. 

67-годишниот Миле Миќуновиќ е доктор на медицински науки, специјалист по урологија, вработен во Специјална болница “Св. Еразмо” – Охрид и професор по “Хирургија со нега” и “Полово образование” на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола. Тој е научник, писател и публицист. Има објавено 380 научни трудови и 93 книги. Активен член е во Европското и на Светското здружение на уролозите, во Европското здружение за импотенција, во Светското здружение за континенција, во Македонско научно друштво – Битола, во Македонско лекарско друштво и во Македонската уролошка секција; доделено му е звање примариус, бил претседател на лекарите на Охрид, член на Општинскиот одбор, односно на Собранието на лекарската комора на Македонија, член на Етичкиот комитет за правата на пациентите при Лекарската комора на Македонија. Добитник е на голем број награди и признанија.

OhridNews