Д-р Никола Бакрачески, денеска ќе го започне градоначаланичкиот мандат. Тој ќе биде на оваа функција во наредните 4 години.

Според најавата, примопредавањето на градоначалничката функција од која по 8 години отстапува Александар Петрески, ќе се одржи денеска претпладне.

Бакрачески како кандидат на коалицијата „За пообра Македија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ победи на локалните избори во првиот круг што се одржа на 24-ти март освојувајќи 21004 гласа.

Новиот градоначалник на Охрид вети реализација на голем број проекти нотирани во неговата изборна програма. Како што истакна во кампањата, нејзини стратешки цели се економски раст и развој на општината, креирање на значителен број нови работни места и пораст на стандардот на населението, унапредување и развој на туризмот, јакнење на спортот и култура и интензивирање на меѓународната соработка на градот. Во функција на локален економски развој, најавено е  формирање на слободна економска зона во границите на општината, примена на IT технологија во работата на локалната администрација, подобрување на условите во образованието, изградба на современ студентски комплекс, формирање средно музичко и ликовно училиште и проекти за стипендирање на талентираните ученици, како и изградба на современа автобуска станица, покриен пазар, катни гаражи, марина…

OhridNews