Во рамки на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на претстојната туристичка сезона, Центар за јавно здравје Охрид ги потсетува и повикува сите даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга да се обратат до Одделението за Епидемиологија при Центар за јавно здравје Охрид и ПЕ во Струга, со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014 и 150/2015).

Центар за јавно здравје Охрид подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција за станоиздавачите и ќе биде подготвен секој работен ден и во сабота со своите мобилни екипи, потребната опрема и средства да одговори на барањата и потребите на угостителите (станоиздавачите) за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција со цел намалување и избегнување на ризиците од појавата на заразни заболувања.

За дополнителни информации и закажување на услугата (дезинфекција) станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центар за јавно здравје Охрид или на телефоните 046 231881 и 070 723029.

OhridNews