На редовното собрание кое овој викенд се одржа во Охрид, се избра новото раководство на ОО ЛДП Охрид, што ќе го предвои новиот претседател Даниел Огненоски, а избрани се и нов општински и надзорен одбор.

Даниел Огненоски – нов претседател на ОО ЛДП Охрид и Моника Зајкова – претседател на ЛДП

На Собранието присуствуваа претседателката и потпретседателот на ЛДП, Моника Зајкова и Валентин Груевски.

Им честитам на Даниел и на новото општинско раководство за изборот. ЛДП мора да продолжи да биде видлива и да се бори за своите заложби, како воведување на отворените листи и една изборна единица. Предлогот за електронска нараквица и намалувањето на банкарските провизии остануваат во фокусот на партиското делување и очекувам од ОО ЛДП Охрид сериозни предлози, идеи, јасност и гласност во наредниот период за подобрување на секојдневниот живот на Охриѓани, порача претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.

Новоизбраниот претседател на ЛДП Охрид, Даниел Огненовски, истакна дека охридската организација мора да ја врати својата активност, да биде гласна и секогаш на страната на граѓаните.

Обврската да бидам во комуникација со сите членови на ЛДП во Охрид и постарите и новите, ќе биде мој приоритет. Охрид заслужува глас на разум и храбар глас, а тоа ЛДП може да им го даде на Охриѓани, изјави претседателот на ОО ЛДП Охрид, Огненоски.

OhridNews