Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава 15-ти Март, граѓаните имаат уште една седмица да ги пријават приходите во Управата за јавни приходи.
Од УЈП потсетуваат дека работното време на даночните канцеларии на УЈП во Охрид и Струга е секој работен ден од 08.30 до 18.00 часот и сабота од 08.30 до 14.00 часот.
Годишната даночна пријава може да се достави и по електронски пат.
OhridNews












