Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски во машка и Билјана Кираџиева во женска конкуренција се победници на 10 километарската трка на манифестацијата „Трка на поезијата“ што денеска се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“.

На пет километарската трка најбрз од мажите беше Кристијан Наумовски, а во женска конкуренција охриќанката Мери Шешо. Второто место им припадна на Григоријан Никовски и Билјана Сивева а трети беа Стојче Петровски и Бојана Наумовска.

Успешно заврши второто издание на „Трка на поезијата“ во Струга. Во градот на поезијата учество зедоа над 1 000 тркачи. Се надевам сите пријавени уживаа во трката и сосебе ќе понесат еден историски незаборавен спортски момент од Струга, истакна Стојаноска.
На атлетската манифестација учествуваа голем број професионалци, но и рекреативци од државата и регионот.
OhridNews











