Голманот на Атлетико од Мадрид и репрезентативен голман на Шпанија (под 21 г.) Давид Де Геа ги помина неопходните лекарски прегледи и потпиша договор со Манчестер Јунајтед до 2016 година.


Со договорот вреден 18,9 милиони фунти, Де Геа има втор највреден договор склучен со голман по оној рекордниот на Јувентус со Буфон (32,6 милиони фунти).

Сер Алекс Фергусон истакна дека Де Геа е вистинска замена за Едвин Ван Дер Сар.