Малите политички партии од десницата и блиску до центарот доживеаја вистински дебакл на предвремените парламентарни избори. И покрај прогнозите дека тие би можеле да освоjат неколку пратенички места, па дури и да се вмешаат во коалицијата која ќе ја составува идната македонска влада, тие според првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија не успеаја да освојат повеќе од едно пратеничко место, а според одредени проценки и ниту едно.

ВМРО НП според обработените 85 отсто од избирачките места освоила нешто над 20.000 гласа, ЛДП околу 12.000, Обединети на Македонија околу 13.000, а Достоинство околу 7000 гласа. Партиите како Демократска десница, ПОДЕМ и СДУ освоија околу илјада до две илјади гласови, а  ПДП, ДУА ЕПМ и други едвај по неколку стотини гласови.

Во албанскиот политички блок, според нецелосните податоци, ДУИ освоила 92.627 гласови, или 10, 38 %, ДПА 48.080 гласови, или 5,39%, а Националната демократската преродба на Руфи Османи 23.800 гласови, или 2,67 %.

OhridNews