Во Охрид се вршат дејствија спротивни на законот кои можат да влијаат на регуларноста на претстојните избори, обвини денеска носителот на кандидатската листа од оваа партија во 5-та Изборна единица, Андреј Жерновски.


Токму со примери на граѓани од Охрид и охридско ја обелоденивме аферата за присуство на малолетни лоица на Избирачкиот список, а после 20 дена тие сеуште се наоѓаат на списокот и ниту МВР ниту ДИК ништо не презеле. За жал ова не единствената акција на МВР. Добивме информација дека минатата недела инспектори на МВР го посетиле избирачкото место 1259-Градинар во Охрид, каде на лица од ромска национална припадност биле одземени лични карти и кажано им било дека истите ќе им бидат вратени веднаш после изборите, со што јасно се укажува која е намерата на целата таа операција.-изјави Жерновски. Тој ја повика министерката за внатрешни работи да ја потврди или демантира оваа информација, затоа што како, што истакна, тоа е спротивно на Уставот и законите и сериозно ја доведува во прашање регуларноста на изборите.



Жерновски денеска во Охрид присуствуваше на отворањето на три изборни штабови на ЛДП, која има сериозни амбиции во 5-та изборна единица.

– Целта е да се освојат толкав број пратеници такашто да не може да се формира Влада без ЛДП, а јас верувам дека ќе бидеме најпријатното изненадување на следните избори, бидејќи имаме се поголема поддршка-рече Жерновски.

OhridNews