Охриѓанецот Демир Далип се најде на пратеничката листа на Нова Демократија на Имер Селмани во 5-та изборна единица. Тој вели дека е единствен претставник на Египѓаните на кандидатските листи, а прифатил да се натпреварува за пратреник со Нова Демократија, затоа што партијата на Селмани ја прифатила платформата за интегрирање на оваа етничка заедница во општеството.

– Добивме ветување дека Нова демократија ќе се залага за зачувување на посебноста на етничката заедница Египѓани, која во последно време е под силен притисок со елементи за асимилација од одредени центри на моќ, конкретно од ромското лоби-изјави Далип.

Демир Далип, се наоѓа на 10 место на листата на Нова Демократија, во 5- та изборна единица.

OhridNews