Во пријателски натпревар одигран во градот Ѓурѓу домашната селекција на Романија до 19г ја совлада Македонија со неверојатни 7-0.


Избраниците на селекторот Менсур Јакупи ќе можат да го поправат впечатокот на средбата што ќе ја одиграат в четврток повторно во истиот град.


Во минатиот квалификациски циклус кога оваа селекција ја предводеше охриѓанецот Драган Бочески , Македонија во Охрид со високи 4-1 ја совлада соодветната селекција.

М.П.