Форум на тема: “Состојбата со родовата еднаквост во Охрид –  Струга регионот: проблеми и потреби” ќе се одржи денеска во х. „Чинго“.

Форумот е дел од активностите во рамки на проектот “Чекор кон родовата еднаквост” во имплементација на Локалната Агенција за Развој од Струга и НВО “Синиот Проект“ од Охрид.

Целта на овој Форум е да се презентира проектот  и да се отпочне со активности кои ќе ја зајакнат  позицијата на жените во Охрид и Струга.

Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата “Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права – ЕИДХР”.

Ohridnews