Дидие Дрогба експресно ги освои срцата на навивачите на Галатасарај по погодокот во триумфот на гостувањето кај Акшир со 2-1. Само пет минути му беа доволни на актуелниот освојувач на Лигата на Шампиони да го постигне дебитантскиот погодок. Нешто подоцна учествуваше во акцијата при постигнувањето на вториот погодок.