Поради дефект на стара азбестна цевка на улицата „Мичо Гилиќ“ без вода за пиење повеќе часа се жителите од населбите Кошишта, Воска и Далјан, како и делови од Стар град.

Како што ни изјави директорот на МЈП Проаква, РЕ Водовод Охрид, Владимир Алексијоски, се работи за водоводна цевка од салонит (азбест) која не била променета за време на реконструкцијата на улицата „Мичо Гилиќ“ пред неколку години. Поради дотраеност таа пукнала и мора да се санира.

На терен се дежурни екипи на ЈП Водовод Охрид со механизација кои ќе работат во ноќта додека не се санира дефектот кој ги остави без вода жителите на трите населби.

OhridNews

Поради дефект прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид