Поради дефејт на преносната мрежа, блок од РЕК Битола околу 10 часа беше исклучен од работа. Од АД МЕПСО, објаснуваат дека согласно протоколот за такви ситуации, соодветно било реагирано и електраната повторно произведува струја.

– Во 1:34 часот денеска (сабота 28 април) во Националниот диспечерски центар регистрирана е безнапонска состојба во 400/110 киловолтната трансформаторска станица „Битола 2“. Станува збор за дефект на елемент од преносната мрежа (мерен струен трансформатор) во таа постројка. Согласно со протоколите за работа веднаш реаагирала релејната заштита и ја исклучила трансформаторската станица од преносната мрежа. Заради тоа е исклучен од мрежа и блокот во РЕК Битола. Дежурните екипи на МЕПСО веднаш реагирале и го санирале за еден час дефектот, по што постројката е вклучена под напон во 2:45 часот. Блокот во РЕК Битола, согласно со процедурата за пуштање во погон на термоелектричната централа, е синхронизиран на преносната мрежа во 11:50 часот. – информираат од МЕПСО.