По три дена макотрпна работа од неколку екипи на ЈП Водовод-Охрид дефектот со водата во Лескоец конечно е саниран, – информираат од ЈП Водовод.
Се работеше на комплициран дефект кој е саниран. Водоснабдувањето е нормализирано во целост, – велат од Водовод.
Од таму им се извинуваат на граѓаните на Лескоец за непријатноста да се биде без вода неколку дена во време на пандемија, и им заблагодаруваат за трпението и разбирањето.
OhridNews












