Со дефиле по охридските улици, чаршијата и плоштадот, каде што охриѓани и многубројните туристи ќе имаат можност да ги видат гостите- учесници и  разнобојните, автентични носии од претставниците од различните земји од каде доаѓаат учесниците, вечерва и официјално започнува фолклорниот фестивал „Македонско сонце“.

Главниот настап на учесниците ќе се одржи на плоштадот „Свети Климент Охридски“  со почеток во 20:30 часот.

Фестивалот ќе трае до 14- ти август, а на него ќе земат учество гости од  Латвија, Романија, Турција, Хрватска, Бугарија, Србија, Полска, Босна и Херцеговина и Македонија.

Фестивалот е во организација на охридското културно уметничко друштво „Охриѓанка“, кое има за цел да ја негува и претставува богатата македонската култура и традиција.

OhridNews