Македонија иако ретко е присутна на главната туристичка карта како интересна и посакувана дестинација има многу нешто што да им покаже на странските гости, пред се тоа се однесува на Охрид, познат туристички центар кој е под заштита на УНЕСКО, како светско културно и природно богатство, пишува лондонски „Дејли Телеграф“.

Во сторијата која се однесува на балканските туристичкки дестинации, весникот посочува дека со отворањето на првата директна авионска линија меѓу Лондон и Скопје, што ја одржува компанијата за ниско буџетски летови „Виз Ер“, британските туристи имаат можност да ја откријат непознатата Македонија , за што веќе има зголемен интерес .

Во Британија како туристичката понуда на агенциите се повеќе е вклучен Балканот, а посебно државите од поранешна Југославија и Албанија, дестинации што до само пред неколку години не беа споменувани ниту како опции за патување, пишува „Дејли Телеграф“.

Весникот ги посочува истражувањата на специјализираната компанија „Трипадвајзер“, според кои доколку  се остават по страна Хрватска и Црна Гора со својот морски брег, Македонија како дестинација интересна за туристичко патување е во предност во однос на БиХ и Албанија, за која има се уште најмногу резерви.

OhridNews