Дел од средствата за реконструкција на улиците „Будва“ и „Прилепска“ пренаменети, но ќе бидат предвидени во буџетот за следната година информираа на денешната одржана седница на Совет на Општина Охрид. Од опозицијата првично со обвинување дека се кратат средства кои се предвидени за реконструкција на улиците, но по добиеното образложение, велат ја поддржале Одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Охрид за 2021 година, но будно ќе следат дали активностите се спроведуваат како што им беше ветено на денешната седница.
Ќе бидеме конструктивна опозиција која што секогаш ќе ги поддржи оние одлуки кои се во интерес на потребите на граѓаните, затоа и дадовме согласност за Одлуката за измена на распоредот на средствата за буџетот, рече советничката од СДСМ, Живка Ангелоска.
Во иднина сметаме дека секогаш треба да се даде примат на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и да се наоѓаат начини за вложување во капитални проекти. Со оглед на тоа дека беше изборна година, не можеше планираното да биде во целост реализирано согласно буџетот, ја поддржавме Предлог Одлуката откако беше дадено ветување дека веќе е отпочнато со работа на улиците „Будва“ и „Прилепска“, но и дека средствата за реконструкција ќе бидат застапени во програмите за буџетот за наредната година. Наша тенеденција е што повеќе вложувања во капиталните проекти, рече Ангелоска.

Во текот на вчерашниот ден е доставен налог до ЈП „Нискогрдба“ за изградба на атмосферска канализација на улицата „Прилепска“. Тие средства кои се кратат од буџетот ќе бидат предвидени во следниот буџет, додаде Китески.
Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски рече дека во однос на Одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Охрид за 2021 година, нема кратење на средствата за улиците „Будва“ и „Прилепска“, потенцирајќи дека веќе е започната изградба и на атмосферската канализација на улицата „Будва“.
Тоа што од претходната локална самоуправа се започнало ќе се продолжи. Со оглед дека сме на крајот на тековната година, дел од средствата ќе бидат пренаменети во буџетот за следната година. За да не се губи време ЈП „Нискоградба“ веќе започна со изградба на атмосферската канализација. Средствата нема да бидат скратени, туку ќе бидат пренаменети и во посебни ставки внесени во буџетот за Програмите за следната година.

Н.С.Ј.













