Поради изведување технички работи на трафостаницата “Варош“, без напојување со електрична енергија денеска во периодот од 10-12 ч. останаа потрошувачите од улиците “Христо Узунов“, “Боро Шаин“, “Илинденска“, како и дел од улицата “Григор Прличев“.

Поради изведување технички работи на трафостаницата “Долни Сарај“, денеска во периодот од 12 до 13 ч. без струја беа и потрошувачите од улиците “Кузман Капидан“, како и дел од улиците “Браќа Миладиновци“ и “Григор Прличев“.