Легендата на италијанскиот фудбал Алесандро Дел Пиеро официјално го напушти Јувентус откако му заврши договорот со шампионот на Италија. “Пинтиручио“ цели 19-ет години ги бранеше боите на Јувентус, а пред заминување упати писмо за сите навивачи на тимот.

Овде завршува мојот пат. Денеска ми е последен ден од мојот договор со Јувентус. Ова не е нешто ново, туку официјално се разделувам од Јувентус. Не сум тажен, не жалам за ништо. Имав доволно време да се осврнам на мината сезона и на сите претходни, и да сватам дека јас го живеев мојот сон. Сите моменти, среќа, тага, славје, бес…..се ми е то денеска пред очите. Пред да заминам од клубот го испразнав моето шкафче во соблекувалната и се прошетав околу стадионот каде секогаш ме чекаа среќни лица да се сликаат со мене, да добијат автограм или барем поздрав. Ме чекавте по дожд, сонце, снег и мраз…..Сега сум јас тој кој сака да ве поздрави и да ви се заблогадари за се што направивте за мене. Фудбалерите ќе поминат, а Јувентус останува секогаш, останувате и вие од утре не сум фудбалер на Јувентус но секогаш останувам со вас. Поздрав и  фала ви на се, Алесандро Дел Пиеро.

За иднината на Дел Пиеро се шпекулира на големо, прво беше поврзуван со Малага која сезонава избори пласман во Лигата на Шампиони. Самиот Дел Пиеро истакна дека кариерата сака да ја продолжи надвор од Европа.

Мх.П.