Општина Охрид денеска е домаќин на постојаните делегати – амбасадори и претставници при УНЕСКО во Париз, од државите, членки на Комитетот за светско наследство.
Оваа средба претставува возвратна посета по неодамнешната средба во Париз со претставниците на УНЕСКО, која има за цел зајакнува соработката и дијалогот за заштита на Охридскиот регион.
На работната средба разговаравме за актуелните активности и идните чекори за заштита, зачувување и одржливо управување со Охридскиот Регион, наше најголемо богатство и светско природно и културно наследство, објави градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Верувам дека преку отворен дијалог, партнерство и заедничка посветеност ќе продолжиме да градиме успешни политики и ќе придонесеме за подобра иднина за природните и културните вредности, истакнува Пецаков.
OhridNews













