Делегација на Општина Охрид, предводена од Градоначалникот Никола Бакрачески оствари службена посета на Дубровник, која се реализира во соработка со Лајонс Клубовите од Охрид и Дубровник.

На работната средба која се одржа во кабинетот на Градоначалникот на Дубровник, покрај делегацијата од Охрид, беа присутни Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ, Претседателот на Советот на Дубровник Нико Булиќ, Директорот на Туристичката Заедница на Дубровник, како и други претставници на локалните институции. Меѓу темите за кои се разговараше на средбата беше иницијативата на Општина Охрид за збратимување на двата града, која градоначалниците од Охрид и Дубровник  ја оценија како добра основа за започнување на потесна соработка во многу области, пред се во областа на туризмот. Беа разгледани и  можностите за изградба на Јадранско-Јонската магистрала, која би ги поврзала двата туристички центри , како и можноста за воспоставување на директна авио линија Охрид – Дубровник, со што би се реализирал проектот на Градоначалникот Бакрачески за регионално поврзување со околните туристички центри.

На средбата се разговарало и за развојот на туризмот , меѓусебната поддршка во реализација на меѓународни проекти и унапредувањето на економските односи, а се остварија и првични контактни за соработка на двата фестивали „Охридско Лето“ и „Дубровачке Лјетне Игре“, при што беа договорени идни меѓусебни размени на учесници на фестивалите. Во сферата на образованието,по средбата се најавува можноста за збратимување на два средношколски центри од Дубровник и Охрид, со што би се овозможила потесна соработка меѓу училиштата и размена на искуства и идеи.

OhridNews

Поради технички проблеми OhridNews недостапен за читателите повеќе часови