Делегација на општина Охрид, синиоќа отпатува  за Бугарија каде ќе присуствува на комеморацијата и погребот на петнаесете бугарски туристи кои настрадаа бродската несреќа што на 5-ти сетпември се случи на Охридското Езеро.

Во Пирдоп во близина на Пловдив ќе се одржи комеморација за настраданите, кои ќе бидат погребани секој во своето родно место.

На комеморацијата ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски.

Ohridnews