По повод празникот Рамазан, делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот Душко Јаковчески синоќа присуствуваше на ифтар – вечера со сограѓани од исламска вероисповед, што ја организираше неделниот весник “Заман“. Оваа година за првпат се организира ваков ифтар, а се планира овие средби да прераснат во традиција, информираат од Локалната сампоуправа. Весникот „Заман“ во  Македонија се печати  од 1994 год, на почетокот на 3 јазици, а сега на  2 јазици.  

Делегација на општината на ифтар
OhridNews