Делегација на општина Охрид, предводена од претседателот на советот Душко Јаковчески, деновиве, учествуваше на Конференцијата за заштита на европското културно наследство на збратимените градови, која се одржа во унгарскиот град Харкани.

Јаковчески одржа презентација за заштитата на културното наследство на Охрид, како град кој се наоѓа на листата на УНЕСКО.

Покрај Охрид, на конференцијата учествуваа претставници од градот домаќин-Харкани, Трогир-Хрватска, Будимпешта-Унгарија, Прага-Чешка, Русе-Бугарија, Фатерштетен-Германија, Слупца-Полска и Хајдубесермени –Унгарија.

Конференцијата заврши со потпишување на Декларација за заштита на европското културно наследство на збратимените градови.

OhridNews