Советот за радиодифузија покрена прекршочни постапки и испрати укажувања до медиумите коишто ги прекршиле правилата за медиумско покривање на предизборните активности.

Прекршочни постапки се покренати против радиодифузерите ТВАЛБ, поради емитување на платено политичко рекламирање и ТВ Канал 5, бидејќи при објавување резултати од испитување на јавното мислење не обезбедиле доволно информации врз основа на кои јавноста ќе може да ја процени веродостојноста на испитувањето.

Укажувања се испратени до ТВ А1, поради емитувани реклами, финансирани од буџетите на општините,  Радио Метрополис, поради емитување на реклами на државни органи, финансирани од буџетот на државата.

Освен до овие медиуми, укажувања се испратени и до МТВ1, поради емитувани реклами на државни и органи на градот Скопје, финансирани од буџетот на Македонија и буџетот на градот и ТВ Сител, поради емитување реклами на државни органи, финансирани од буџетот на државата.

OhridNews
извор: Makfaks