Во рамки на Еко- проектот за интеграција на екологијата во наставата од основното образование, во ОУ „Братство и единство“, утре, со почеток во 15 часот и 30 минути, со разни активности ќе се одбележи Денот на овошјето.

Групите основци, составени од ученици од различна возраст и националност, во рамки на работилниците  ќе изработуваат и вршат презентација на  бројни предмети и игри повзрани со овошјето.

Присутните ќе имаат можност да видат изработени маски, книги, ќе се моделира овошје, ќе се прават колачи, компот. Предвидено е и да се изврши презентација на компјутерски игри, а ќе се оддржат и  Игри без граници  со плодови.

Целта на работилниците е да се подигне свеста на учениците за значењето на овошјето и потребата од негово почесто користење во интерес на здравјето.

OhridNews