Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура во Охрид денеска ќе достигне до +30 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7, информираат од УХМР Македонија.

Според прогнозата на метеоролозите, топло време ќе имаме и во наредните три дена, со услови за врнежи од дожд, на места во форма на невреме, во попладневните часови. 

OhridNews