Денес (19.10.2026), со почеток во 17:00 часот, ќе бидат извлечени главните награди од хуманитарната и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“. Во извлекувањето ќе учествуваат броевите на сите талончиња купени за време на акцијата.
Извлекувањето на наградите во живо ќе може да се следи на линкот.
Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, донесете го талончето во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата, велат од организацијата.
Воедно изразуваат благодарност до сите што ја поддржаа акцијата „За посреќно детство“.
OhridNews












