Нови 14 детски песни ќе бидат испеани на еден од најреномираните детски фестивали „Распеано рибарче“ 2022 во Охрид.

Фестивалот започнува денес, додека вчера беше одржана генералната проба на големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.

За денес и утре планирани се 5 приредби за децата од основните училишта и градинките од Охрид, а завршниот концерт ќе се одржи утре во 19 часот. На фестивалот ќе настапат како гости со две песни и дечиња од Радика Фест од Дебар, вели Методија Бараковски.

Инаку, фестивалот „Распеано рибарче“ се одржува од 1998 година.

OhridNews