Врховниот суд се очекува денеска да ги објави одлуките по жалбите на 15 обвинети за насилството во Собранието на 27 април минатата година. Се бара укинување на решенијата на Апелацискиот суд за мерките притвор и куќен притвор и изрекување на поблаги казни.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски изјави дека судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука. Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот.

Меѓу обвинетите кои се жалат пред Врховниот суд се поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски кои се во притвор, како и пратеникот Љупчо Димовски и оперскиот пејач Игор Дуловски кои се во куќен притвор.

OhridNews