Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува слаб снег.

Во Охрид ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Инаку сообраќајот во целата држава се одвива тековно, по претежно суви и чисти коловози за сите видови на моторни возила.

АМСМ на возачите им препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината кон условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност се препорачува низ клисурите, каде не се исклучува можноста од појава на поситни одрони.