Јаков е од дванаесетте апостоли, најнепосредните сведоци на Христовите зборови и дела, смртта и воскресението. Mу беше брат на апостолот и евангелистот Матеј.

По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, му се падна да Го проповеда воскреснатиот Христос во Елевтеропол и околината, а потоа во Мисир, што е старо име за Египет. Неговата проповед постигна многу во Египет, кој во првите векови од Христовата ера стана расадник на христијанството и посебно на христијанското подвижништво. Таму и пострада, распнат на крст од незнабошците.

 

OhridNews