Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот маченик Лукијан.

Како христијанин тој беше изведен на суд и фрлен в затвор, каде што се сретна со четири момчиња, исто така христијани Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј. Сите тие пострадаа заедно во Византион.
Свети Лукијан беше распнат на крст, а момчињата обезглавени. Некоја девојка Павла ги зеде јавно телата на мачениците и чесно ги погреба, поради што и таа беше погубена. Мачеништвото на светите Лукијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла се случи меѓу 270 и 275 година.
OhridNews











