Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември. Денеска се празнува Св. пророк Захариј.

Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички, беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот.

 

OhridNews