Православните верници денеска го одбележуваат споменот посветен на Светата великомаченичка Варвара.
Таткото на оваа славна Христова следбеничка, се викал Диоскор и бил познат според положбата и богатството во градот Илиопол Мисирски, а во верата бил незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затворил во висока кула, ја опкружил со секакви удобности, и и’ дал слугинки да ја служат. И поставил идоли за поклонување и изградли бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отворил умот со Божествената благодат, па го позна единствениот вистински Бог и Создател, иако немаше никого од луѓето за учител во тоа. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечил од градот, таа излегла од кулата и по божја промисла се сретнала со некои христијанки коишто ѝ ја јавиле вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господ Христос. Таа наредила да се пресече и трет прозорец на бањата за да бидат трите прозорци симбол на Света Троица; на една карпа во бањата нацртала со прстот крст и крстот се вдлабил во каменот како врежан со железо; од нејзините стапала на подот од бањата избивал извор со вода којашто подоцна на мнозина им донела исцеление од болестите.

Света Варвара пострадала во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, Св. Варвара многупати им се јавува на мнозина, понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.
Јасминка Т. Момироска











