Кривичниот совет, предводен од судијата Милка Танеска, денеска, ќе ја соопшти пресудата во судскиот процес што во Основниот суд во Охрид се води против Лазе Радески, обвинет за тројно убиство.



Радески е обвинет дека во периодот од 2006 до 2008 година, ги убил уличните продавачи на девизи Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, сите од Охрид.



Во текот на судскиот процес обвинетиот го призна убиството само над Трајче Цоцески, за кое тврдеше дека го сторил во самоодбрана, додека ги негираше убиствата врз Спиро Ставрески и Раим Ракип.



Во завршното обраќање, претставникот на Обвинителството, Никола Довлев, остана на ставот дека обвинетиот Лазе Радески е виновен за трите убиства за кои се товари, и побара тој да биде соодветно кaзнет.

Наспроти ова, адвокатот на одбраната Емил Балабан, во завршниот збор посочи дека не постојат докази дека Радески е виновен за делата за кои се товари и побара ослободителна пресуда.

Доколку биде прогласен за виновен, Лазе Радески, максималната казна која може да ја добие е доживотен затвор.

Ohridnews